„Дневник“: 120.000 лица со матични броеви во фабриката на Чауш и СДСМ

Базата на податоци за 120.000 граѓани е последно сознание во низата за тоа што с` е пронајдено во становите на осомничените од саботата наваму. Првично, Јавното обвинителство излезе со информација дека кај осомничените се пронајдени лажни лични карти, фолии за пластифицирање, пластични обрасци и машини за изработка на лични документи на две локации во Скопје.

Од тогаш излегуваат и нови детали од страгата, кои завчера беа и потврдени од Обвинителството.

Што уште беше пронајдено

Освен обрасци за фалсификување лични документи, како што објавивме, во становите на осомничените биле пронајдени и фалсификувани патни исправи, и тоа бугарски пасоши во кои биле вметнати имиња на македонски функционери, како и обрасци за повлекување пари од швајцарски банки, дел од нив бланко, но на дел од нив и со поголеми суми или со вметнати имиња на функционери. Вчера, ТВ „Алфа“ објави дека бил фалсификуван бугарски пасош со име на Мартин Протоѓер на кого требало да му се залепи пробугарска етикета и сметка на 50 милиони евра на име на Сашо Мијалков.

Пронајдена е комуникација на осомничените со македонски новинар во Србија кој требало овие документи да ги пласира како вистинити и како афери за владејачката структура.

Во јавноста, пак, излегоа и заеднички фотографии на Заев и Спасовски со осомничените. И двајцата политичари не негираа дека контактирале со осомничените, туку бараат целата истрага да заврши.

Она што е уште поинтересно, во компјутерот на осомничените беа пронајдени и 70 илјади снимки од прислушувани разговори во фолдер креиран во септември годинава, а кој бил со наслов „СДСМ-Заев“.

Нашите информации од истрагата велат дека се работело најмногу за разговори меѓу функционери на ДУИ и дека тие требало да бидат продадени на командант на УЧK од Kосово, пишува „Дневник“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.