Лицата кои имаат договори од повеќе места сами ќе ги плаќаат придонесите за хонорарите

Лицата  кои имаат хонорари по основ на повеќе договори на дело или авторски договори сами ќе ги плаќаат придонесите.

Ако лицето од едно место има хонорар чиј износ е над минималната плата и уште од две или три места има прилив под минималецот, исплатителот не може да пресметува и плаќа придонеси само за договорот кој е над загарантираната плата.  Од УЈП појаснуваат дека во тој случај самото лице до ПИОМ ќе го пријави секој договор, а потоа фондот врз основа на вкупниот износ од сите договори ќе ја утврди основицата за плаќање на придонесите кои  ќе ги подмири физичкото лице, пишува Сител.

Од УЈП потенцираат дека тие се подготвени и веќе ги примаат пресметките, на страната на управата објавен е и калкулатор за пресметка.  Месечните пресметки до УЈП се доставуваат до 10 во месецот. Ги поднесува или ПИОМ или фирмата исплатувач, во завосност од тоа по колку договори или авторски договори лицето има хонорар. Придонесите се подмируваат до 15, а персоналниот данок од 11,11 отсто се плаќа кога ќе биде исплатена сумата од авторскиот договор.  Но бидејки Роковите за исплата на хонорарите не се врзани пак со роковите за поднесување на пресметките за придонесите до УЈП, и од таму и финансиските консултати појаснија  дека може да се дојде до ситуација надоместокот да не биде исплатен, а придонесите да мора да се платат.