Лицата со дијабетес трчајќи ќе го менуваат дијабетесот

На Скопскиот маратон што ќе се одржи в недела, на 11 мај, учество ќе земат повеќе од 25 лица со дијабетес, членови на здруженија на дијабетичари од повеќе градови во Македонија. Тие ќе се вклучат во трката на 5 км, трчајќи под слоганот „changing diabetes”- го менуваме дијабетесот, со што симболично ќе се претстави важноста на физичката активност во успешно справување со дијабетесот за оние кои живеат со оваа состојба, но и во превенција кај останатите.

Дел од натпреварувачите во трката за менување на дијабетесот се на возраст над 70 години, а највозрасниот член е на возраст од 73 години. Во тимот ќе се натпреварува и Бобан Несторовски, 29 годишен активен спортист со дијабетес тип 1 од Скопје, кој благодарение на редовната физичка активност и соодветниот режим на исхрана и терапија претставува одличен пример за добра контрола врз дијабетесот.

Во трката на 42 км и оваа година ќе учествува првиот маратонец со дијабетес тип 1 во Македонија, Костадин Мартинов од Струмичко, кој исто така ќе трча под слоганот“changing diabetes”- го менуваме дијабетесот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.