Крими хроника

Лице од обезбедување во казино прободено со нож

Лице од обезбедување во казино прободено со нож

Две убодни рани во пределот на грбот заработил 23 годишниот Јетон Зекири од скопски Чаир вечерва во казиното „Адмирал“ во Трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје.

Според информациите, Зекири работел како обезбедување во казиното преку агенцијата МНД Обезбедување кога се уште непознато лице го нападнало со нож.

Тој итно е префрлен во Градската општа болница каде по укажаната лекарска помош е задржан на лекување.

Од МВР и официјално ја потврдуваат информацијата на Press24. Од полицијата најавуваат мерки за откривање на сторителот и соодветна постапка против него.