среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 35

Лицето открива каков е некој в кревет

sekss-650x396

Поврзани вести

Ако сакате да дознаете каков е некој в кревет, едноставно погледнете го в лице.

Според кинеската техника Сјан Мен (читање од лице) ако сакате да дознаете каков е некој човек, треба да го погледнете в лице. Кинезите го практикуваат читањето од лице повеќе од 3.000 години и велат дека цртите говорат таен јазик и дека кажуваат се’ за карактерот на човекот и тајните желби.

Човековото лице може да има 7.000 различни изрази. Луѓето користат едвај неколку стотини во секојдневнието, но изразите кои ги користиме најчесто оставаат трага на лицето.

Веѓите

Луѓето со мали и ретки веѓи не пројавуваат особен интерес кон сексот. Тие мислат духовно, а не емоционално. Луѓето со дебели и густи веќи се ненаситни во сексот и имаат потреба од стабилен режим со нови еротски доживувања.

624-300-dvojka-shtastie-liubov-vryzka

Очите

Луѓето со светли очи непрекинато бараат нови освојувања и бргу ги завршуваат старите. Тие лесно се задоволуваат сексуално (добра вест, ако сакате секс), но придаваат малку значење на сексот и на љубовта (не толку добра веста, ако сакате врска). Склони се да го сменат партнерот побрзо од другите.

Луѓето со темни очи се страствени и длабоки, првично е тешко да бидат истражен, но напорот вреди. Тие се како динамит во кревет и може да бидат задржани само со многу интензивен, разноврсен секс.

Носoт

Луѓето со остар нос се замечтаени, сакаат романтичен секс и традиционални позиции, но се интересираат за еротични авантури.

624-300-dvojka-shtastie-liubov-vryzka-zavivki-leglo

Луѓето со широк нос не се добра партија за првите, бидејќи тие се нивна целосна спротивност. Не само што сакаат секс, но и го сакаат во големи порции и што е можно поексцентрично.

Линиите

Луѓето со мали тенки линии во долниот дел од очниот капак имаат огромен сексуален апетит и секогаш се подгтовени за секс и ништо не е забрането за време на игрите под чаршавот.

Луѓето со тенки линии под основата на носот ретко мислат на нешто друго освен на сеск. Благословени и проколнати во зависност од гледната точка со највисоко либидо и имаат потреба да бидат сакани на секој можен начин и се исклучително тешки за задоволување.

Усни

Мажите со голема уста се сметаат за исклучително добри љубовници. Ако пак имаат и дебела долна усна се амбициозни суштества, кои сакаат да бидат господари во спалната.

Луѓето со мала уста се иновативни и со голема имагинација, но со тоа комплиментите завршуваат. Тие брзо постигнуваат оргазам, постојано бараатт нови луѓе, верни се на малкумина и не се многу за љубов.

Најчитани вести