Личниот лекар на маршалот: Тито не беше Јосип Броз!

Доктор Александар Матуновиќ, личниот лекар на маршалот, вели дека Тито имал торбица од која не се одвојувал, а во која по неговата смрт е најден еден доказ дека тој не е Јосип Фрањо Броз.

Тој напишал дека „најден е извештај кој оди во прилог на изнесеното сомневање, односно мислење дека Тито не е Јосип Фрањо Тито, туку дека зад тоа име се крие друга личност“.

Доктор Матуновиќ напишал:

„Тито имаше мала торбица, ми се чини од змијска кожа. Секогаш ја носеше со себе. Торбицата покрај клуч, беше осигурана и со мал катанец. Во два наврати, влегувајќи во неговата просторија го затекнав како претура по торбицата. Двата пати беше со грбот свртен кон вратата. Кога ќе влезев, тој торбицата брзо ја затвораше. Изгледаше како човек кој е фатен како прави нешто недозволено. По тоа знаев дека во торбицата се наоѓаат за него важни работи. По неговата смрт се распрашував кај членови на комисијата за средување на титовите работи што ги пронашле во таа торбица. Еден од членовите на комисијата, Звонко Костиќ ми рече дека покрај златниот накит и другите работи тука имало и копија од извештајот на австоунгарското Министерство за војна, од есента 1915 – та година, во која се наоѓал и список на австриски офицери, подофицери и војници, кои загинале за време на битката во Галиција. На списокот се наоѓало и името на Јосип Фрањо Броз“.

Најдениот извештај оди во прилог на сомневањето дека Тито не Јосип Фрањо Броз, туку дека друга личност се крие зад тоа име.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.