ФОТО: Личните предмети на Тачер одат на аукција

Личните премети на Маргарет Тачер меѓу кои нејзината облека и накит, како и други предмети ќе бидат продадени на аукција.

Ваквата одлука семејството на Челичната лејди ја донело откако музејот „Викторија и Алберт“ ја одби понудата предметите да бидат изложени во нивната поставка.

Маргарет Тачер со Кралицата Елизабета
Маргарет Тачер со Кралицата Елизабета
Венчавката на Маргарет Тачер
Венчавката на Маргарет Тачер

На продажба ќе се најдат околу 300 предмети од политичкиот и приватниот живот на Тачер следниот месец, меѓу кои е и нејзиниот венчален фустан, за кој се очекува дека ќе достигне цена од 10.000 до 15.000 фунти.

tacher-predmeti-fustani

Аукцијата ќе биде организирана од страна на аукциската куќа Кристи, а приходите ќе бидат поделени помеѓу нејзините деца и внуци.