среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 45

Личните карти на „Фокус“ не биле употребени никогаш

Сега се отвора прашањето кој ги фалсификувал и со која намера, ако се знае дека паднаа во вода тврдењата на „Фокус“ и Оливер Спасовски дека биле употребени за избори.

Личните карти на „Фокус“ не биле употребени никогаш

Личните карти на „Фокус“ не биле употребени никогаш

Поврзани вести

Нови сознанија за случајот со т.н. фалсификувани лични карти излегуваат на површина. Како што објави телевизија „Сител“ во централниот дневник, добиени се нови податоци кои укажуваат дека т.н. афера околу личните карти е всушност нечија манипулација.

Според тврдењата на „Фокус“ ова биле само мал дел од наводно 30.000 фалисификувани лични карти кои биле злоупотребени за изборите. „Фокус“ веќе еднаш излезе со слична приказна и за фалсификувани патни исправи, со која требаше да се оправда огромниот пораз на СДСМ на минатите избори.

Исто така, како што објавува „Сител“ направени се проверки и во системот за интегрирано гранично управување. Ниту една од овие лични карти не биле употребени на ниту еден граничен премин за влез и излез низ границите на земјава.

Со наредба на Јавното обвинителство биле извршени проверки и во правниот сообраќај кој се однесува на отворање фирми и други деловни односи. Било утврдено дека ниту една од овие лични карти не била употребена и за таа намена.

После овие сознанија се отвора прашањето кој ги фалсификувал и со која намера тие лични карти. Првично неделникот „Фокус“ и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврдеа дека тие биле употребени за избори.

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати го повикаа Спасовски да не молчи за случајот да открие што конкретно дознале и дали спровеле истрага, бидејќи Македонија заслужува фер избори без никаква дамка.

„Јавноста бара информации зошто Оливер Спасовски прикрива кој стои зад наводниот скандал кој го обелодени „Фокус“. Јавноста бара информации кои се членовите на Избирачките одбори што им овозможиле на лицата со фалсификувани лични карти да гласаат на избирачките места. Јавноста бара информации каде се изработени фалсификуваните лични карти и кој ги координирал активностите. Оливер Спасовски мора да одговори зошто прикрива каде се уште 29. 900 фалсификувани лични карти“, апелира деновиве ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски, пак, одговарајќи на пратенички прашања, не даде конкретен одговор што открила истрагата.

Најчитани вести