„Лидер“: Економска револуција во Македонија

Економските политики на Владата предводена од премиерот Никола Груевски ја направија македонската економија најсилна досега. За тоа сведочат многуте ветени и не ветени, но остварени и успешно реализирани проекти, пишува Лидер.

Порталот анализира дека ако пред девет години ретко кога Македонија се наоѓаше на мапата на странските инвеститори, денес нашата земја е една од најпосакуваните дестинации за бизнис во Европа и светот.

Ако пред девет години домашните бизниси не можеа да ги остварат своите идеи и планови бидејќи рацете им беа врзани поради превисоките даноци и давачки, денес, сликата на ова поле е значително подобрена.

Ако пред девет години претприемништвото беше само „пуста желба“, денеска поддршката за отворање на сопствен бизнис е поголема од било кога, а фирма може да се отвори за само еден ден.

Ако пред девет години Македонија беше една од земјите со највисока стапка на невработеност во Европа, во изминатите години отворени се над 150 илјади нови работни места, а стапката на невработеност има тенденција на понатамошно намалување од моменталните 25,5%.

Ако пред девет години инфраструктурата низ земјата беше во очајна состојба, а Македонија беше изолирана на полето на авиосообраќајот, денеска Македонија е единствената земја на Балканот која истовремено гради три автопати, а скопскиот аеродром е најбрзорастечки во регионот.

Ако пред девет години поддршката за земјоделците беше минимална, денеска таа ја имаат во изобилие.

За економските проекти кои се реализирани изминативе девет години и нивните ефекти може да се пишува на долго и широко, а показател за нивната успешност се статистичките податоци.

Македонија има резултати какви што досега никогаш немала, ние не планираме да отстапиме од овој пат. Сосема напротив, планираме да нагазиме уште појако и со уште посилно темпо. Тој што може да не следи- нека повели, тој што не знае- нека гледа и нека учи како се работи за доброто на граѓаните и народот, порача Груевски.

Анализирајќи ја економската политика на владата предводена од Никола Груевски „Лидер“ реши да ви ги прикаже хронолошки проектите и економските успеси низ изминативе години…

Во 2006 година почнуваат економските промени

Во 2006-та зголемени се субвенциите од наследените 6 милиони на 18 милиони евра. Се воспоставува националниот акциски план за вработување 2006-2008.

Јавните инвестиции зголемени од 3% од БДП во 2006. Надворешниот јавен долг е намален за 200 милиони евра во 2007 година, односно од 25% од БДП во 2006 година на 19% во 2007 година.

Се набавува и доделување земјоделска механизација под поволни услови. Донесена е одлука за распределба на 120.000.000 денари за изградба на водоснабдителни и канализациски системи во вкупно 59 општини.

Дополнително се либерализира трговијата во рамки на ЦЕФТА.

Во 2006-та почнува постапката за влез на трет оператор на пазарот на мобилна телефонија. Пазарот почнува да се диверзифицира, а цените почнуваат да се намалуваат.

Во 2007 година историски раст на економијата