„Лидер“: Економска револуција во Македонија

Во 2007 година историски раст на економијата

Во 2007-ма година остварен е најголем економски раст во историја од 6.1%, пораст на извозот од 60% во првите две години од формирањето на владата во 2006 година и пораст во БДП по глава на жител од 68% во однос на 2005-2006 година.

Странските директни инвестиции во периодот 2007-2010 достигнаа вкупно 1.272 милиони евра. Тоа е за 300 милиони евра повеќе од вкупниот прилив на странски инвестиции на сите влади на СДСМ во целиот период на транзиција.

Според реномираниот извештај на Светската банка, Дуинг Бизнис, во конкуреција на 180 земји, во 2007 година Република Македонија беше прогласена за четврти најдобар реформатор.

Исплатени се 25 милиони евра за земјоделците во 2007 година. Платите во јавниот сектор во истата година беа зголемени за 10%.

Во 2008 година драстичен раст на платите и пензиите

Во 2008 година Македонија забележа раст на БДП од 5%, иако во последниот квартал македонската економија веќе беше зафатена од светската економска криза. Стапката на невработеност се намали на 33,5%, од 36,5% во претходната година.

Странските директни инвестиции достигнаа 930 милиони евра.

Платите во јавниот сектор зголемени се за 25%. Пензиите во просек пораснаа за околу 35%, при што најниските за 42%, а социјалните надоместоци остварија просечен раст од 30%.

Кон крајот на 2008 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ реагираше и донесе прв пакет антикризни мерки вреден над 330 милиони евра. Пакетот се состоеше од мерки за подобрување на ликвидноста на фирмите преку репрограмирање на достасаните обврски кон државата и простување на каматата за дел од обврските, целосно ослободување на фирмите од плаќање данок на добивка доколку данокот не се распредели во дивиденда, намалување на стапките на социјални придонеси, намалување на царините и сл.

Дуинг бизнис во 2008 година ја рангираше Република Македонија 18-ти реформатор во светот во однос на бизнис- климата во конкуреција на 180 земји.

Во 2008 година беше пуштена во употреба Обиколницата на Скопје, која е на ниво на автопат и дел од коридорот 8. Изградени, проширени и реконтруирани се повеќе патишта низ земјата, како Дреново- Прилеп, клучката кај Прдејци, реконструкција на Жировница-Бошков мост, патот до манастирот Свето Преображение во Крушево, како и пат до местото Вршник, крстосницата кај Момин Поток… Реализиран е проектот за санација и зајакнување на мостовите на коридорот 10.

Во областа на земјоделството се инвестира во водоснабдителни и канализациски системи во речиси сите општини. Продолжува растот на субвенциите за земјоделците. Од 20 милиони евра во 2006 година, на 25 милион евра во 2007, субвенциите се зголемени на 45 милиони евра во 2008 година.

Апсолвентите на сите факултети добија ваучери за купување компјутери. Ваучер во вредност од 15.500 денари добија над 10.600 студенти.

Во 2009 година Македонија е трет најдобар реформатор во светот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.