„Лидер“: Економска револуција во Македонија

Во 2013 година пораст на капиталните инвестиции

И покрај фактот дека голем број земји на ЕУ се уште се во рецесија или имаат минимален позитивен раст, македонската економија во 2013 година оствари раст на БДП од 3,1%, што претставува четврт најдобар резултат во Европа и најдобар во регионот на Југоисточна Европа. Сличен раст на економијата беше остварен и во 2010 и во 2011 година (2,8%-2,9%).

Растот на економијата е движен од високите капитални инвестиции од Буџетот, како и извозот на фирмите – директни странски инвестиции во ТИРЗ и во индустриските зони.

Капиталните инвестиции во 2013 изнесуваа скоро 20 милијарди денари, што е пораст од 29% во однос на 2010 година.

Пораст на пензиите во 2013 – Покрај редовното законско усогласување на пензиите, во март 2013 година сите видови пензии дополнително се зголемија за 5%.

Градежништвото оствари историски највисоки стапки на раст од 32,7% во 2013 година, што не може да се спореди со растот во ниту еден претходен период.

Во 2013 стапката на невработеност во Македонија се намали на 28,6% што е историски најниско ниво во последниве 17 години.

Во последниот Извештај за глобална конкурентност на Светскиот економски форум од 2013 година, Македонија е рангирана на 73. место што претставува значителен напредок од 21. место во споредба со 2007.

Џонсон Мети, британски производител на катализатори за автомобилската индустрија, во ноември 2013 година ја реализираше втората инвестиција во ТИРЗ Скопје 1 со отворање на новиот производствен погон.

Кромберг и Шуберт, германска компанија од автомобилската индустрија, официјално почна да работи во октомври 2013 година со вработени околу 1.000 лица во 3 смени.

Ван Хол почна со работа во јули 2013 и до крајот на 2013 успешно го реализира својот план, произведе и испорача 90 автобуси на американскиот пазар.

Гришко, руска компанија, светски производител на балетска опрема во март 2013 година почна со производство на балетанки во селото Слепче, Демир Хисар.

Ван Пајнброк текстил, холандска компанија од областа на текстилната индустрија, во октомври 2013 година фабриката беше официјално пуштена во работа.

Во декември 2013 Владата го потпиша договорот со Маркарт за инвестицијата вредна 35 милиони евра и план за вработување на над 600 луѓе, од кои една третина се инженери.

Истем Медикал е турска компанија од областа на медицината која во април 2013 година донесе одлука да инвестира 8 милиони евра во Македонија и вработи 250 лица во период од 10 години во ТИРЗ Скопје.

Во 2014 година Македонија е земја со најдобра бизнис клима

Според „Дуинг бизнис“, Македонија има најдобра бизнис-клима во Југоисточна Европа и е рангирана пред 19 земји-членки на ЕУ. Остварен е голем напредок на Македонија на сите реномирани ранг-листи за различни аспекти на бизнис-амбиентот.

Банкарскиот сектор остана стабилен, пред се како резултат на добрата регулатива со која е уредено работењето на банките и соодветната супервизија од страна на НБРМ.

Пензиите се зголемија за 5% односно за по 600 денари за сите корисници на пензија стартувајќи од март 2014 година. Со овие покачувања просечната пензија достигна 12.445 денари што претставува раст од 62% споредено со 2006 година кога просечната пензија изнесуваше 7.683 денари, при што најниската пензија е зголемена за 76%, а највисоката за 30,4%.

По зголемувањето на платите во јавниот сектор за 25% во периодот пред кризата, во Буџетот на РМ за 2014 година се обезбедија средства за зголемување на платите во јавниот сектор за 5%, од октомвриската плата.

Зголемување на минималната плата во Република Македонија се реализира започнувајќи од март 2014 година, а ќе заврши во март 2016 година, со што минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува 10.080 денари. Од март 2014 година, минималната плата се покачи од 8.050 денари на 8.800 денари месечно, од март 2015 минималната плата изнесува 9.590 денари и од март 2016 година ќе биде 10.080 денари, а работодавачите ќе бидат обврзани да ја зголемат минималната плата.

Македонија остана земја со најниски даноци во Европа.

Амфенол во јануари 2014 година и официјално ја најави својата браунфилд-инвестиција во Кочани вредна 6 милиони евра и вработување на 1500 лица до 2018 година.

Ендава во февруари 2014 година донесе одлука да инвестира во Македонија 2 милиони евра и вработи 450 ИТ-инженери.

Епл Ленд, компанија од Дубаи, во февруари 2014 година почна со изградба на откупно дистрибутивен центар за преработка и за складирање на јаболка во индустриската зона Макази близу Ресен.

Антура, холандска компанија од областа на хортикултурата, во февруари 2014 година донесе одлука за инвестирање во Кочани.

Воведени се евтини летови до Европа. Со потпишувањето на Договорот за финансиска поддршка помеѓу Владата на Република Македонија и „Виз ер“, се воспоставија 8 нови дестинации од Аеродромот „Александар Велики“.

Продолжува реконструкцијата и изградбата на патиштата и автопатите. Растат субвенциите за земјоделците.

Во 2015 година историски пад на невработеноста

Преку активните мерки за вработување кои ги спроведува владата и проектот „Македонија вработува“, како и влезот на странските инвеститори, стапката на невработеност се намалува на историски најниско ниво од 25,5%. Тоа претставува голем успех за владата предводена од Никола Груевски.

Македонија, според податокот на Европската канцеларија за статистика – Евростат, е четврта најниско задолжена држава во Европа. Според „Дуинг бизнис“, Македонија шеста во Европа, 12-та во светот од 189 земји. Македонија три позиции погоре во Извештајот за конкурентност на Светскиот економски форум.

Странските компании продолжуваат да влегуваат во Македонија, и покрај тоа што земјата се соочува со политичка криза. Токму поради неа, трендот на економски раст според експертите губи еден процентен поен, но сепак, економијата продолжува да стои на здрави нозе. Капиталните инвестиции продолжуваат и се на највисоко ниво, индустриското производство расте, се инвестира на секое поле во државата.

Американската Делфај одлучи да инвестира во зоната во Скопје и да вработи 500 луѓе. По успехот во Штип, Џонсон Контролс објави дека отвора нов капацитет во Струмица која ќе отвори 1.500 нови работни места. Германски Костал официјално почна со инвестицијата од 50 милиони евра и со првите од 1.000 вработувања кои треба да ги оствари.

Американската Ки Сејфти Системс започна со градба на својот објект во Кичево, а треба да ја заврши градбата до јуни 2016-та. Почна со работа и италијанската Диатек Макдиа, со која треба да се вработат 200 луѓе. Техникал Текстајл во Штип ја изгради фабриката во која треба да се вработат вкупно 1.000 луѓе.

Технохозе ја реализираше својата втора инвестиција во зоната во Скопје каде ги започна вработувањата, а Гентерм е во напредна фаза на градба на својата фабрика во Прилеп. Со план за нови 3.000 работни места во Тетово е инвестицијата од 15 милиони евра на американската корпорација Леар.

Германски Маркард ја заврши инвестицијата во Велес вредна 35 милиони евра,  во новиот капацитет ќе се вработат 600 луѓе а планираат и проширување на капацитетите. Холандската компанија Антура го отвори својот нов капацитет во Кочани, со план за 300 вработувања.

Германски Акомпласт објави дека во јануари почнува изградба на фабриката, а почеток на производството се очекува во април-мај 2016 година. Американски Капкон во Скопје ја отвори новата фабрика за инфлатори за воздушни перничиња со која ќе бидат отворени вкупно 400 работни места.

Во привремениот објект започна со работа втората фабрика на Амфенол во Кочани, со што се вработија 650 лица, а по финширањето на инвестиционите дивизии нивната намера е да дојдат до 3.500 вработувања. Италијански Кондево инвестира околу 30 милиони евра и гради објект кој треба да вработи над 280 невработени, а истовремено се гради и новата фабрика на германската компанија ОДВ Електрик, која ќе се изгради до јуни 2016та, и ќе се вработат 1000 невработени од Охрид и Струга. Се потпиша и договорот со Монтанте груп од Италија, со кој ќе се вработат 400 лица.

Во истовреме, за прв пат две домашни компании- добавувачи на познати светски брендови, објавија дека ќе инвестираат во Технолошко индустриските развојни зони. Станува збор за компанијата Хај- Тек и компанијата ТТ Плус кои заедно треба да вработат 500 невработени лица.

Се градат или се најавени слободни економски зони во сите региони од државата.

Се реализира проектот за трансформација на работниот однос во јавните институции. Продолжува проектот за изградба на социјални станови, а отпишани се над 30 милиони евра долгови на социјално ранливите категории.

Владата овозможи бесплатни проекти за градба на типски куќи со кои граѓаните ќе заштедат од 1.000 до 2.000 евра.

Се обновува железничкиот возен парк. Пристигна нов електромоторен воз на Македонски железници.

Се зголемуваат земјоделските субвенции, се инвестира во водоводни системи и нова механизација.

Продолжува зголемувањето на пензиите. Околу 300.000 пензионери го добија ветеното зголемување од 621 денар- најавено ново за 2016.