Лидер програма за претприемачи

Лидер програма за претприемачи
Лидер програма за претприемачи

Мобилни апликации што генерираат пазар и работни места, бизнис планови кои решаваат реални проблеми во секојдневниот живот, бизнис кластери, прехранбени производи и др. се бизнис идеите кои беа презентирани на деветото издание на интензивната бизнис обука „Лидер проект“.

Инструкторите на бизнис школото „Ричард Ајви“ од Канада имаа можност да слушнат и оценат четириесет презентации на бизнис планови од страна на учесниците.

Од организаторот Македонија 2025 велат дека од година во година учесниците на „Лидер проектот“ истапуваат со сè поамбициозни и пореални бизнис идеи.

– Лидер проектот е одлична можност за сите млади професионалци да се стекнат со дополнителни знаења и вештини кои ќе најдат примента во македонските компаниите. Искуството кое несебично го поделија предавачите од еден од најреномираните МБА програми во Канада е од големо значење за нашиот професионален развој, истакна Никола Маљановски, маркетинг менаџер на ЕкоКлуб ДООЕЛ Скопје.

На крајот беа доделени награди за најдобрите кои се одвоија од конкуренцијата според нивната уникатност, остварливост, како и начинот и убедливоста на нивното претставување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.