ТОП,Македонија

Лидер: Расте гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“

Лидер: Расте гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“

Доколку на петти јуни се одржат парламентарните избори, тие ќе бидат девети по ред во историјата на Македонија. Бројките покажуваат дека од изборите во 2006-та, континуирано расте гласачкото тело и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Порталот Лидер направи фактографски преглед на сите досегашни избори одржани во Македонија.

Први парламентарни избори одржани во Република Македонија, се изборите во 1990 година. Од првата изборна трка како победник излезе тогаш новоформираната ВМРО – ДПМНЕ со освоени 38 столчиња во македонскиот Парламент, на второ место беше тогашната СКМ – ПДП, денешниот Социјал демократски сојуз со освоени 31 мандат. Покрај двете најголеми мандати во новото Собрание освоија дури девет политички партии. Поради распоредот на силите во Собранието настанаа сериозни тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на техничка влада.

И изборите во 1994-тата година не поминаа без традиционалните политички натегања. Белег на овие избори е тоа што истите се одржаа без учество на тогаш најголемата опозициона партија ВМРО – ДПМНЕ, на тој начин отворајќи му го патот на СДСМ кон освојување на 60 пратенички места и апсолутна политичка моќ сѐ до 1998-та година.

Во изборната 1998 година ВМРО – ДПМНЕ повторно ги освојува гласовите на граѓаните, но за разлика од 1990 година овој пат формира и влада. Освојува 49 пратиници, а владата ја формира во коалција со Демократската алтернатива која освои 13 пратеници, како и Демократската партија на Албанците со 11 пратеници.

На избрите во 2002-та година СДСМ повторно ја освојува власта, освојувајќи 60 мандати, наспроти 33-те на ВМРО-ДПМНЕ.

Следните избори се одржуваат во 2006 –та  година, тогаш калицијата „За подобраМакедонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ освојувајќи 45 пратеници добива мандат за формирање на влада. На овие избори СДСМ добива 32 пратенички места.

На предвремените избори во 2008–ма година коалицијата „За подобраМакедонија“ предводена од страна на ВМРО – ДПМНЕ со 481.501 глас освојува дво третинско мнозинство во Собранието освојувајќи 63 мандати, наспроти СДСМкој освојуваат 27 пратенички места.

Повторно предвремни избори се одржуваат во 2011 година, каде ВМРО-ДПМНЕповторно издвојува победа. На овие избори ВМРО- ДПМНЕ освојува 56 пратенички места, наспроти 42 кои ги освои СДСМ. Гласачкото тело кое ја поддржа ВМРО- ДПМНЕ е идентично со тоа во 2008-та година и за ВМРО– ДПМНЕ гласале 428.138 гласачи.

Последните парламентарни избори  во земјава се одржаа во 2014-та година. На овие избори ВМРО-ДПМНЕ освојува 61 пратеничко место, наспроти 34 кои ги освојува СДСМ. На сите последни избори идентичен е бројот на гласачи кои ја поддржале ВМРО – ДПМНЕ, па така во 2014-та оваа партија добила поддршка од 481.615 гласачи, наспроти 283.955 гласачи кои ја дале поддршката за СДСМ.