Лидер: Реална програма за реални потреби

носителот

„Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ нуди повисоки плати и пензии, нови работни места, 600 милиони евра за земјоделски субвенции, нови автопатишта и друга инфраструктура, поддршка за приватниот сектор, проекти за решавање на проблемите и за подобра иднина на сите граѓани во државава.

Ние знаеме кои се очекувањата од нас. За нас, вие и вашите потреби ќе ни бидете на прво место секогаш. Ние веруваме во тебе и веруваме во Македонија и таа верба не движи и ни дава сила. Ние сме секогаш тука за вас, тука сме да ги штитиме вашите интереси. На крај, секој од вас треба да се праша самиот. Со кого ќе ви биде на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно, кој има подобар кадар и програма, ВМРО или СДСМ, кој држи повеќе до зборот, кој ќе отвори работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувам, на ВМРО или на СДСМ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Што предвидува програмата на ВМРО-ДПМНЕ?

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е обемна и содржајна, направена по мерка на граѓаните. Во неа има неколку клучни приоритети:

  • економски раст од 3 до 4,5 проценти

tabela

  • воведување фискални правила
  • пад на невработеноста под 18 проценти
  • отворање на 70 илјади нови работни места
  • подобрување на бизнис – климата
  • олеснет пристап до капитал и поддршка за компаниите преку МБПР

pristap

 

  • повисоки плати во администрацијата и пензии за 10,25 проценти
  • зголемување на социјалната помош за 50 проценти
  • заштита и поволности за лицата со инвалидност, попреченост, за слепите и слабовидите
  • зголемување на посебниот додаток за 21 процент
  • минимална плата од 14 илјади денари
  • рестартирање на старите и пропаднати капацитети во транзицијата
  • отворање рурални развојни зони
  • изградба на 3 нови автопатишта (Гостивар – Кичево, Скопје – Блаце и Требеништа – Струга)
  • шест нови експресни патишта, 60 регионални патишта, локални патишта – инвестиција од 170 милиони евра
  • нови инвестиции во железницата од 30 милиони евра
  • нови водоводи и канализации
  • проект „Купи куќа за над 36 години“

tab1

 

  • инвестиции од 33 милиони евра во здравството
  • милионски инвестиции во енергетиката и за гасификација на земјава
  • развој и збогатување на туристичката понуда
  • 600 милиони евра субвенции за четири години, поддршка за аграрот
  • нови 18 нови училишта, 140 градинки, 78 спортски сали, 3 студентски домови
  • намалување на ДДВ за влез на спортски натпревари и за изнајмување на спортски објекти
  • опремување и модернизација на АРМ
  • членство во ЕУ и НАТО е главна надворешно – политичка цел
  • милионски вложувања во културата

Пред граѓаните е проверена опција

Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за проверена опција, за реализација на ветеното, за исполнување на дадениот збор – велат од владејачката партија.

Посветени сме, пред сè, на потребите на граѓаните. Ние сме партија, коалиција, која е препознатлива по програмата. Овојпат таа е најразработена, најдетална, реална и произлегува од граѓаните и е направена за граѓаните – вели носителот во првата изборна единица, Никола Попоски.

Со програмата се обврзуваме, по дадената доверба од граѓаните  на 11 декември, да работиме напорно, макотрпно и посветено за напредок и за подобар живот на сите граѓани во Македонија – порача носителот во втората изборна единица, Никола Тодоров.

Предвидуваме зголемување на минималната плата која со закон беше донесена пред неколку години од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, таа денес изнесува 10.500, но предвидуваме во следните четири години да дојде до 14.000 денари, односно секоја година сукцесивно да се зголемува – објасни носителот во третата изборна единица, Илија Димовски.

Овој пат имаме избор помеѓу нешто што е видено и подобро и нешто што исто така е видено и дестуктивно – порача носителот на листата во петтата изборна единица, Антонио Милошоски.

Даваме реални ветувања со точни рокови, а не нереални ветувања. Но, истовремено ќе водиме кампања со која силно ќе ја нагласиме унитарноста на Македонија и за задржување на нејзиниот уставен поредок – изјави носителот во шестата изборна единица, Влатко Ѓорчев.

Извор: Лидер