Лидер: Странските инвестиции носат раст на домашниот бизнис

Континуирано расте бројот на домашните компании кои активно соработуваат со странските директни инвеститори. Во моментов, повеќе од 500 домашни фирми соработуваат со странските инвеститори. Првичните проекции беа дека домашните компании од соработката со странците би заработиле 30 милиони евра, но сега оваа сума може да се искачи и на 50 милиони, како што се зголемува бројот на инвеститори на домашниот пазар, пишува Лидер.

Порталот пишува дека добар пример се компаниите од градежната индустрија, кои во последниве две години од соработката со странските инвеститори, во изградба на фабриките во зоните и инфраструктурното уредување, инкасирале вкупно 26 милиони евра.

Експертите велат – користа е двострана. За домашните компании соработката значи повеќе работа и развој, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и зголемена конкурентност и секако можност за извоз на странски пазари. Странските компании добиваат пониски трошоци за набавка и побрзо време на испорака. Резултатот е раст на економијата и креирање на нови работни места.

Податоците велат дека некаде околу 500 домашните компании соработуваат со странските инвеститори. Кај нив се шири обемот на работа, на производство, на услуги, а и таму има нови, индиректни вработувања. Се отвора и можност за соработка со домашните образовни институции, како универзитетите, така и средните училишта. Се зајакнува и надворешната трговија, извозот од зоните расте. Воопшто, се зајакнува економијата, се зголемува производството, извозот расте, смета Алек Никовски, советник за странски инвестиции на премиерот Груевски.

Најчеста соработка во услужните дејности и градежништвото

Според познавачите на пазарот, соработката најчесто е во областа на услужните дејности и градежништвото. Странците ги користат услугите, сервисот на домашните компании. Во периодот што следи прогнозите се дека соработката ќе се унапреди, и тоа во поголем дел од секторите во Македонија.

Најчеста соработка во услужните дејности и градежништвото
Најчеста соработка во услужните дејности и градежништвото

Имајќи во предвид дека во наредниот период имаме информации и за влез на нови странски инвеститори, може да изразиме еден сериозен оптимизам дека овој тренд кој е позитивен ќе продолжи и во иднина, што ќе биде од важно значење и за општиот економски раст на Македонија, за поддршка на профитабилноста на самите домашни компании, а особено важно за отворање на нови работни места, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Дека соработката…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.