недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

„Лидер“: ВМРО-ДПМНЕ со обемен сет мерки за младите

Младите се во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија подготви сет мерки кои ќе го подобрат живот на младите, кои ќе им отворат нови можности и перспективи, ќе им го унапредат квалитетот на живот и ќе креираат подобри услови за нивно вработување, за студирање, за спортување, патување и културен живот, пишува Лидер.

merki-mladi-640x480

Поврзани вести

Младите се во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија подготви сет мерки кои ќе го подобрат живот на младите, кои ќе им отворат нови можности и перспективи, ќе им го унапредат квалитетот на живот и ќе креираат подобри услови за нивно вработување, за студирање, за спортување, патување и културен живот, пишува Лидер.

Вработување за најдобрите студенти!

Државата ќе ги наградува најдобрите студенти кои со своите знаења ќе треба да придонесат во унапредување на работата во државната служба. На 100-те најдобри студенти ќе им биде понудено вработување во администрацијата, проект што ќе се реализира од август 2017-та година. Целта е најдобрите да се задржат во земјава, да се подмладат институциите, да се внесе нова свежина и елан.

Со оваа политика, група на млади кандидати ќе биде инволвирана во административната служба, што ќе резултира со нова енергија и стручност во оваа дејност. Од друга страна, мерката претставува и стимул за студентите. Колку поголем е квалитетот, толку е поголема и веројатноста да обезбедите вработување во јавниот сектор, вели заменик – министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски.

Предвидено е секоја година да се вработуваат по 100 најдобри студенти.

Ќе биде создадена методологија каде 70 проценти од уделот во рангирањето ќе заземат успехот со кој има дипломирано студентот, втор критериум ќе бидат сертификатите од тестерите на ЕУ за три најчесто говорени странски јазици и трет критериум ќе биде временскиот рок на образовниот процес, вели потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Вработувањето е приоритет!

Како што пишува Лидер, со мерките за вработување млади луѓе до 29 години, во рамки на владиниот проект, се вработија повеќе од 12 илјади луѓе во 5.500 приватни компании. Вработени се кадри со високо, средно и со основно образование во фирми од различни дејности.

Преку оваа мерка, работодавачите од приватниот сектор кои вработија млади на возраст до 29 години со полно работно време, се ослободуваат од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и тоа: придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување и придонес за осигурување во случај на невработеност. Покрај ослободувањето од социјалните придонеси, работодавачот е ослободен и од плаќање персонален данок на доход за тоа лице. Вкупните ослободувања за работодавачите изнесуваат 37%, односно 27 % по основ на социјалните придонеси и 10% персонален данок на доход.

Ова е една од најуспешните мерки кои ја имаме реализирано како Министерство за труд и социјална политика преку Агенцијата за вработување. Мерката резултираше со 12.160 вработувања. Иднината на една држава ја засноваат младите луѓе. Тие се потребни овде, и Владата на Република Македонија ќе продолжи да им овозможува можности, преку кои ќе го реализираат својот животен сон, вели министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Се реконструираат и градат студентски домови

Во полн ек е реконструкцијата и реновирањето на Блокот А од студентскиот дом „Гоце Делчев“. Завршени се над половина од предвидените градежни работи. Ова е втор блок од студентскиот дом што се реконструира, по блокот Б, пишува Лидер.

Досега сме некаде на половина на студентскиот дом со комплетно реконструирана инсталација за електрична енергија, поставување на парното, поставување на прозорите, гипс картони. Убеден сум дека со оваа динамика ќе се запази рокот, крајот на септември  и овој блок во рамки на СД „Гоце Делчев“ да биде комплетно реновиран. Со тоа студентите ќе имаат далеку подобри услови за престој и реализација на студискиот период. Целиот процес околу комплетната реконструкција овде ќе се финализира и со промената на дополнителните два лифта во рамки на овој блок, вели заменик – министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Кога ќе се заврши со блокот А, почнува реконструкцијата на другите две крила на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Студентскиот дом располага со сместувачки капацитет за 1.200 студенти, а блокот А што сега се реконстуира располага со 314 легла, вели директорката на домот, Даниела Темелкова.

Летово сите студенски домови ќе добијат нови лифтови. Освен реконструкцијата, ќе се градат и нови студенти домови. Веќе се врши евалуација на пристигнатите понуди и потоа ќе се селектира компанијата што ќе започне со изградба на нови два студентски дома: „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје и студентскиот дом во рамки на универзитетот во Тетово.

Фитнес центри на отворено на 20 локации

На крајот на овој месец, на 20 локации во Македонија ќе почне да се реализира проектот за отворање фитнес зони за млади. Зоните ќе бидат отворени, достапни за сите.

Тоа ќе биде еден вид теретана на отворено и место каде што ќе може многу млади, па и повозрасни луѓе, да рекреираат на најсовремени фитнес апарати со најсовремена фитнес опрема. Такви фитнес зони, какви што сега ќе се прават практично во моментот, не постојат во Македонија. Има нешто низ парковите и покрај кејот, но тоа е далеку од она што сега се предвидува и од оние справи коишто сега ќе бидат поставени. Тие ќе бидат многу пософистицирани и подобри, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Првично, овој проект требаше да се реализира од септември, но донесена е одлука со реализацијата да се почне предвреме.

Кои се другите мерки за младите?

Досега беа промовирани голем дел од мерките на владејачката партија за младите, а дел веќе се реализираат, како „Купи куќа за млади“, „Средношколска среда“, „Бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети“, „Железнички викенд за млади до 27 години“, „Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици (англиски, француски и германски) за млади до 29 години, пишува Лидер.

Владејачката партија во изминатиов период даде збор и за нов амфитеатар со 9.000 седишта во Скупи за одржување на концерти, претстави и други културни настани, за комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, за стипендии за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и за нивните професори, за нови скејт паркови, за перални и сушални во студентските домови низ државата, за нови читални во Велес, Струмица и во Аеродром, за изградба на 150 игралишта за баскет, за нова голема мултифункционална читална во Скопје, за стипендирање на постдипломски и докторски студии. Како и за комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.

Најчитани вести