Лидерите од регионот на конференција во Сребреница

Лидерите од регионот ќе присуствуваат на дводневната Инвестициска-развојна конференција „Сребреница 2015“.

Во рамки на конференцијата ќе бидат претставени можности за инвестирање во развојот на различни области во градот, ресурсни потенцијали на регионот, како и одредени поволности за потенцијални инвеститори.

На конференцијата ќе присуствува српскиот премиер Александар Вучиќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, претседателот на РС Милорад Додик, премиерката на РС Жељка Цвијановиќ.

Се очекува присуство и на членови на претседателството на БиХ, на словенечкиот претседател Борут Пахор и на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

На конференцијата ќе се обратат и амбасадорите на САД, Холандија, Турција, Норвешка, Велика Британија, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, како и претставници на ОБСЕ.

Во Сребреница безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво поради присуството на државни лидери.