сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Лидерите на ЕУ: Нема преговори без официјлна објава на „брегзит“

„Ние сме согласни дека Членот 50 од европските договори е многу јасен - земјата-членка што сака да ја напушти Европската Унија треба да го извести Советот на Европа“, изјави Меркел на заедничката прес-конференција.

меркел

Последни вести

Европската Унија нема да одржи неформална средба со Велика Британија сè додека не го активира членот 50 за заминување, инсистираат Германија, Франција и Италија.

Германската канцеларка Ангела Меркел беше домаќин на разговорите со францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренци во Берлин, пренесе Би-би-си.

Лидерите повикаа на „нов импулс“ за зајакнување на ЕУ.

Сите три држави изразија жалење поради гласањето на Велика Британија да замине, а Меркел тоа го нарече „многу болна и жална одлука“.

„Ние сме согласни дека Членот 50 од европските договори е многу јасен – земјата-членка што сака да ја напушти Европската Унија треба да го извести Советот на Европа“, изјави Меркел на заедничката прес-конференција.

„Не може да има никакви понатамошни чекори сè додека тоа не се случи. Само тогаш Европскиот совет ќе даде насоки според кои ќе се преговара за излегувањето. Тоа значи дека, а ние се согласуваме за ова, нема да има ниту неформални ниту формални разговори за излегување на Британија сè додека Европскиот совет не добие барање (од Велика Британија) за излез од Европската Унија.“

Претседателот Оланд и премиерот Ренци ја нагласија потребата излегувањето на Велика Британија да се изведе што е можно побрзо и да се фокусира на предизвиците со кои се соочуваат другите 27 земји-членки, како што се борбата против тероризмот и јакнењето на границите.

„Нашата одговорност е да не губиме време со прашањето за излез на Велика Британија и со нови прашања за 27-те“, изјави Оланд. „Нема ништо полошо од несигурноста“.

„Од една страна, ние сме тажни, но ова е вистинското време да се напише нова страница во историјата на Европа за она што нè обединува“, рече Ренци.

Во Лондон, премиерот Дејвид Камерон во парламентот потврди дека Велика Британија не е подготвена да го почне формалниот процес на повлекување.

„Пред да го сториме тоа, треба да утврдиме каков вид однос сакаме со ЕУ“, рече тој, истакнувајќи дека неговиот наследник, кој ќе биде избран есенва, ќе треба да го активира Членот 50.

Најчитани вести