Лидерите на ЕУ подготвија програма за ограничување на миграцискиот бран

еу

Програмата вклучува засилување на помошта за либиските власти поточно за либиската крајбрежна стража со цел пресекување на миграцискиот бран, како и финансиска помош за создавање на безбедни кампови за бегалците во земјата. Самите кампови ќе бидат администрирани од либиската Влада, што е поддржана од Обединетите нации.

Вчера, конкретен договор за тоа прашање потпишаа премиерот на Италија Паоло Џентилони и либискиот премиер Фајез ал Сараџ.

ЕУ исто така ќе помага за добороволна репатријација на бегалците кои сакаат да се вратат во нивните земји, и ќе соработува со соседните земји на Либија за подобра контрола на водните патишта.