Свет

Лидерите на Франција, Германија, Украина и Русија телефонски ќе разговараат за украинската криза

Лидерите на Франција, Германија, Украина и Русија телефонски ќе разговараат за украинската криза

Лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина вечерва ќе имаат телефонски разговор за украинската криза, соопшти францускиот владин портпарол Стефан ле Фол.

– Лидерите сакаат да изразат поддршка и да дадат поттик кон исполнување на договореното, изјави Ле Фол на прес конференција за прекинот на огнот во Источна Украина, што стапи во сила во неделата.