Лидерите на Г-7 се договорија за поагресивни мерки во борбата против тероризмот

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на седумте најразвиени земји (Г7) постигнаа денеска договор да се преземат поагресивни акции во борбата против финансирање на тероризмот и насилниот екстремизам, кои, како што се согласија, се закана за глобалната стабилност.

Во акциониот план, кои финансиските лидери го издадоа по дводневните разговори на северот на Јапонија, се повикува на поголема размена на информации за финансиските податоци, како и на соработка по повод санкциите за терористичките финансиски мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.