Лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина на средба во Минск идната недела

Лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина планираат средба во Минск в среда во обид да продолжат со напорите за прекин на кризата во источниот дел од Украина.

Тоа го соопшти портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт по телефонската конференција меѓу Меркел, Оланд, Путин и Порошенко, пренесува МИА.

Тие имаа „долга телефонска конференција“ и продолжија да работат по пакетот мерки во рамки на напорите за решавање на конфликтот во источна Украина, се вели во коминике на германската Влада.

Ќе продолжиме со работа утре во Берлин „со цел подготовка на средба на врвот во нормандски формат, меѓу четирите држави в среда во Минск“.