Лидерот на баварските конзервативци е за нови избори ако социјалдемократите ја одбијат големата коалиција

Челникот на баварската Христијанско-социјална унија (CSU) Хорст Зехофер, сестринска партија во сојузната покраина Баварија на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, изјави во средата дека би требало да се распишат нови избори доколку членството на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) се изјасни против новата ткн Голема коалиција која партиското водство ја договори со конзервативниот блок.

Вкупно 464.000 членови на SPD по пошта гласаат веќе една седмица за одликата за составување на нова Голема коалиција, а резултатите ќе бидат познати во недела. Коалицијата меѓу Унијата CDU/CSU и SPD беше на власт од 2013 година, и многу социјалдемократи сметаат дека тоа е причината што нивната партија ги постигна историски најслабите резултати на последните парламентарни избори кон крајот на ланскиот септември.

Според анкетата објавена во средата, тесно мнозинство од 56 отсто членови на SPD ќе гласаат за нова коалиција со конзервативците. Меѓутоа, анкетата опфатила далеку поголем група испитаници од вистинскиот број на гласаќи коишто ќе одлучуваат.

Конзервативниот блок ги започна преговорите за Големата коалиција, дури откако пропаднаа преговорите со двете помали партии, на либералите и на зелените, ланскиот ноември.

„Доколку пропадне и вториот обид за составување влада, тогаш би морале да одиме на нови избор“, изјави Хорст Зехофер за новинарите во Минхен. Алтернатива на изборите е малцинска влада, а Зехофер им рече на новинарите дека таква опција не поддржува.

Замислата за составување конзервативна малцинска влада, доколку не успее коалицијата со социјалдемократите, има сѐ повеќе приврзаници во партијата CDU, поради стравот дека новите предвремени избори би можеле дополнително да ја засилат евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

AfD, којашто е релативно нова партија и првпат на септемвриските избори влезе во парламентот, на почетокот од февруари во анкетите добиваше 16 отсто од гласовите и првпат во историјата ја мина SPD. На изборите во септември дои 13 отсто од гласовите, според мислењето на аналитичарите поради прелевањето на гласовите на конзервативците, во прв ред незадоволни од мигрантската политика на канцеларката Ангела Меркел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.