Лидерот на Десен сектор го отфрли мировниот план потпишан во Минск

Лидерот на украинскиот Десен сектор Дмитриј Јарош соопшти дека неговото радикално движење го отфрлува мировниот договор од Минск, додавајќи дека нивните паравоени единици на истокот на Украина ќе продолжат „активно да се борат врз основа на сопствениот план“, пренесе МИА.

Јарош ова го објави на Фејсбук профилот, додавајќи дека каков било договор со милициите на истокот на Украина кои тој ги нарекува „терористи“ нема легална сила, и оти е спротивен на украинскиот устав.

Лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција вчера во Минск по маратонски преговори постигнаа договор за прекин на огнот во Украина.

фото: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.