Свет

Лидерот на Северна Кореја сепак нема да ја посети Москва

Лидерот на Северна Кореја сепак нема да ја посети Москва

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг – Ун го откажа патувањето во Москва по повод Денот на победата 9-ти мај, а наместо него на свеченоста ќе присуствува Ким Јонг – Нам, претседателот на Президиумот на Врвното народно собрание, јави денеска севернокорејската државна агенција КЦНА, пренесува Танјуг.

Москва првично го покани корејскиот лидер на прославата над нацистичка Германија во Втората светска војна и тој ја прифати поканата, но минатата недела наводно се предомислил поради „внатрешните севернокорејски прашања“.

Ким Јонг Нам (87) често патува во прекуморските земји како репрезентативен севернокорејски шеф на државата, па така неодамна учествувал и на азиско – африканската конференција во Џакарта.