Лидерот на талибанците во Авганистан убиен од американски дрон

Лидерот на авганистанските талибанци мула Ахтар Мансур е убиен во напад на американско беспилотно летало, изјави талибанскиот командант мула Абдул Рауф.

Тој истакна дека Мансур е убиен во петокот доцна вечерта во погранична област меѓу Авганистан и Пакистан.

Канцеларијата на авганистанскиот претседател Ашраф Гани потврди дека нападот е извршен, но не можеше да потврди дале е убиен Мансур.

Премиерот Абдулах Абдулах, пак, изјави дека Мансур „најверојатно“ е мртов.

Мансур ги предводеше талибанците, откако минатото лето беше објавена смрта на основачот на тоа движење мулата Мохамед Омар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.