Лидерска средба за надминување на политичката криза

На иницијатива на претставниците на меѓународната заедница за денеска е најавена средба на лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

Ова е уште еден обид за почеток на политички дијалог помеѓу четирите партии за да може да се тргне кон решавање на политичката криза. Средбата е закажана за во 14 часот во клубот на пратениците.

Според информациите објавени во медиумите, иако лидерот на опозицијата Зоран Заев вчера истакна нема да присуствува на средбата, сепак, тој бил убеден да дојде на лидерската средба, откако бил уверен дека на неа ќе присуствуваат амбасадорот на САД Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав.