Спорт

Лига Куп: Челзи се мачеше, седум голови на Манчестер Сити

Лига Куп: Челзи се мачеше, седум голови на Манчестер Сити

Фудбалерите на Челзи се мачеа против Болтон, но на крајот се пласираа во четвртото коло од Лига Купот.
Екипата од Чемпионшип пружи силен отпор на „Стемфорд Бриџ“, но не успеа да стигне барем до продолженија. „Сините“ поведоа со голот на Курт Зума во 25-тата минута, меѓутоа шест минути подоцна гостите израмнија преку Милс.

Пласманот во следната рунда на Челзи му го донесе Бразилецот Оскар по десет минути игра во второто полувреме.

Манчестер Сити со убедливи 7:0 славеше против Шефилд и обезбеди пласман во следната рунда во Лига Купот.

Френк Лампард и Един Џеко постигнаа по два гола, а Навас, Туре и младиот Поцо по еден за убедлива победа на „Граѓаните“.