Лигата на шампиони реалност за Арсенал

Фудбалерите на Арсенал ја оправдаа фаворитската улога во последниот натпревар од 36. коло во англиската Премиер лига и многу полесно од очекуваното забележаа убедлива победа од 3:0 во дуелот против гостинскиот тим на Њукасл.

Популарните “топчии” сега имаат четри бода повеќе од петопласираниот тим на првенствената табела, Евертон, и се на добар пат да ја исполнат зацртаната цел, пласман во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

“Имавме мали проблеми на стартот од натпреварот, не можевме да го најдеме патот до противничката мрежа. Се беше полесно откако го постигнавме првиот погодок на натпреварот. Сега имаме четири бода повеќе од Евертон, но сакам мојот тим да слави и во последните два натпревара од актуелната сезона”, изјави менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.