четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Лигуши наместо лидери

StefanVlahovMitcov

Последни вести

Уште пред 800 години светскиот освојувач Џингис Хан велел:

Армија од магариња водена од лав е подобра од армија од лавови водена од магаре.

Македонската историја многу пати ја потврдува таа мисла.

Од осамостојувањето во 1991 година до денес, раководствата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ја сносат ЦЕЛОСНАTA ОДГОВОРНОСТ за сегашната критична состојба во Република Македонија. Таа состојба е од аспект на несоодветна надворешна и внатрешна капитулирачка политика:

Прво, заради законодавната дозвола од 16 отсто на албанско малцинство да се трансформира во доминантен фактор врз македонскиот народ и држава;

Второ, преку давање можност на САД и ЕУ да станат газди врз македонските државни институции;

Трето, преку самоубиствените потези за членство во ЕУ и НАТО кое претставува најголемо предавство на македонските национални интереси;

Четврто, преку учеството на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во подготовката и потпишувањето на капитулантскиот Рамковен договор, како и во договорите од Пржино 1 и 2, со кое беше продлабочено редифинирањето на македонската држава од унитарна во бинационална и федеративна.

Петто, преку прифаќање на наметнатиот модел од странците на влада „победник со победник“, со што се изедначува малцинството од 16 отсто со мнозинството од 84 отсто и е ВОВЕД ВО ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА.

Во последните 25 години наместо автентични лидери, на македонскиот народ беа подметнати лигуши, кои наводно се колнат во него, а практично слободно или под притисок го реализираат сценариото од Вашингтон и Брисел за неговото уништување.

Затоа македонските лигуши спротивно на волјата на македонскиот народ ги продолжува преговорите со Грција за менување на автентичното македонско име, јазик и идентитет. Наместо да го стават прашањето во Советот за безбедност во Обединетите нации.

Затоа продолжуваат да не пикаат во устата на ѕверовите од НАТО и ЕУ, а истовремено се жалат дека тие сакале да не уништат. И ДЕЦАТА ЗНААТ ДЕКА АКО НЕКОЈ ТИ Е НЕПРИЈАТЕЛ, ЌЕ БЕГАШ ОД НЕГО И ЌЕ БАРАШ СПАС КАЈ НЕГОВИТЕ РИВАЛИ, И НЕМА ДА МУ СЕ ДОДВОРУВАШ.

ПОДГОТОВКАТА ЗА ИЗБОР НА АЛБАНЕЦ-ТЕРОРИСТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ И ПОТОА СОЗДАВАЊЕ НА АНТИДРЖАВНА И АНТИМАКЕДОНСКА ВЛАДА Е ФИНАЛНО РАЗНЕБИТУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ТОА Е ФИНАЛЕТО НА НАМЕТНАТАТА ОДНАДВОР ПОЛИТИЧКА КРИЗА, КОЈА РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ЈА СПРЕЧИ ЗАТОА ШТО Е ЗАВИСНО И Е ДОДВОРУВАЧКО КОН САД И ЕУ, СО КОИ ПАК СДСМ ОТВОРЕНО И ДИРЕКТНО СОРАБОТУВА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЛИКВИДАЦИЈА.

Замислете, на времето Гоце и Јане ДА ГИ МОЛАТ македонските одродници да бидат помалку кодоши и странски агенти, а во замена им ветуваат целосна поддршка. Замислете, на преговарачка маса да се сретнат некогашните македонски антифашисти со албанските балисти како и со странските окупатори и со домашните петоколонаши. Денес сето тоа го прават лигушите и плачковците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, наводно во име на македонскиот народ и држава.

ЕТЕ ЗОШТО, СИТЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ КОИ ЈА НОСАТ МАКЕДОНИЈА ВО СВОЕТО СРЦЕ СЕ СПРЕМНИ ДА СЕ БОРАТ ВИСТИНСКИ ЗА ТАТКОВИНАТА. ПО СЕКОЈА ЦЕНА МОРА ДА СЕ СПРЕЧИ ИЗБОР НА АЛБАНЕЦ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ И НА АНТИДРЖАВНА И АНТИМАКЕДОНСКА ВЛАДА. МОРА ДА ГО ОХРАБРИМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРГЕ ИВАНОВ ДА ГИ ОТФРЛИ УШТЕ ЕДНАШ ЈАСНО И ДЕФИНИТИВНО ПРЕКУ НЕГОВО ЈАВНО ТЕЛЕВИЗИСКО ОБРАЌАЊЕ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, УЦЕНИТЕ И УЛТИМАТУМИТЕ НА ЕВРОКОМЕСАРОТ ХАН И ДРУГИТЕ ТРОЈЦА ГРОБАРИ НА МАКЕДОНИЈА, КОИ ДОАЃААТ НЕКАНЕТИ ВО НАШАТА ДРЖАВА.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА ГИ ПРЕДУПРЕДИ НАТРАПНИЦИТЕ ОД „ЕВРОПСКАТА БЛУДНИЦА“ (ЕУ)  ДЕКА НАБРЗО ГРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДАТ ЗА НИВ НЕПРЕМИНЛИВИ. ТОА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ МОРА ВЕДНАШ ДА ИМ СЕ СООПШТИ БЕЗ ОДЛОЖУВАЊЕ И ТОА ВО ВТОРНИК ПРЕД СОБРАНИЕТО.

ИСТОВРЕМЕНО, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА ГО ПРЕДУПРЕДИ РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА НЕГОВИТЕ КАЛКУЛАЦИИ СЕ ПРОЧИТАНИ И АКО УШТЕ ЕДНАШ СЕДНЕ НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА СО АЛБАНСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ И СО ДОМАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ, ЌЕ СЕ ИЗЕДНАЧИ СО НИВ И ЌЕ ЗАВРШНИ НА МАРГИНИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА МЕМОРИЈА.

НИЕ ИМАМЕ ПОТРЕБА ОД ЛИДЕРИ ЗА МИР И ЗА ВОЈНА, ЛИДЕРИ КОИ ГИ ЗАСЛУЖУВАМЕ КАКО НАРОД, ЛИДЕРИ КАКО АЛЕКСАНДАР И САМУИЛ, А НЕ ПОДМЕТНАТИ ОД НАДВОР ЛИГУШИ.

Најчитани вести