Лихштајнер првото засилување за „Арсенал“

„Арсенал“ го доби своето прво официјално засилување за следната сезона, а воедно, и првата зделка што ја направи Унаи Емери, наследникот на Арсен Венгер.

Во Лондон пристигна Швајцарецот Стефан Лихштајнер, довчерашен бек на италијанскиот гигант „Јувентус“. Овој  34-годишен играч во седум сезони поминати во Торино, освои седум национални првенства, а од „старата дама“  на „Емирати“ доаѓа потполно бесплатна.

Со Стефан добивамесо големо искуство и лидер на тимот. Тој е играч од врвен квалитет со многу позитивен и одлучен став. Тој ќе ни донесе напредок и на теренот и надвор од него, изјави Емери.

На пристигнувањето во Лондон се осврна и самиот Швајцарец во разговор за официјалната веб-страница на „Арсенал“.

Ова е голем момент за мене, по „Јувентус“ да дојдам во Арсенал. Ќе биде вистинскиот проект да се вратиме во Лигата на шампионите. Навистина е тешко да се види дека клуб како „Арсенал“ не игра во ова натпреварување. Особено кога ќе погледнете какви играчи има во своите редови, рече Лихшатајнер.