ФОТО: Еве каде беше ликвидиран Џемаил Реџепи, алијас Командант Шипоња

Командантот на УЧК, Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“, денес околу 16 часот беше ликвидиран од автомобил во движење во кумановската населба Бедиње, каде што седел со неговиот братучед Шефки Реџепи и Гани Демири.

Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“, денес околу 16 часот беше ликвидиран од автомобил во движење
Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“ беше ликвидиран од автомобил во движење

Според првичните информации до кафулето се доближил „мерцедес“ со зелена боја во кој биле напаѓачите. Напаѓачите пукале од прозорец додека автомбоилот бил во движење кон масата на кој седел Реџепи, пишувa „Вечер“.

Џемаил Реџепи бил погоден со неколку куршуми и починал на самото место додека неговиот братучед Шефки Реџепи и Гани Демири се ранети. Тие се пренесени во скопскиот Клинички центар и засега нема информации околу нивната состојба.

Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“, денес околу 16 часот беше ликвидиран од автомобил во движење
Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“ беше ликвидиран од автомобил во движење

СВР Куманово трага по лица кои учествувале во тој вооружен инцидент и се работи на целосно расчистување на случајот.

Џемаил Реџепи алијас „Командант Шипоња“ е член на ДУИ и кандидат за претседател на локалниот огранок на партијата од Липково и противник на Бајрам Лимани кој беше именуван за претседател директно од Мала Речица, односно од лидерот Али Ахмети. Неговиот избор предизвика револт кај локалното членство и затоа веќе три месеци не можат да се одржат внатрепартиски избори.

Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“, денес околу 16 часот беше ликвидиран од автомобил во движење
Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“, беше ликвидиран од автомобил во движење

„Вечер“ повикувајќи се на неофицијални информации пишува дека Џемаил Реџепи, кој  воедно е е учесник во воениот конфликт во 2001 година и бил инструктор во 113 бригада, во кафулето каде беше ликвидиран требало да се сретне токму со Лимани.

 

За ликвидацијата на Реџепи повеќе информации на следниот линк.