Ликвидиран и третиот терорист кој држеше заложници во продавница

По ликвидацијата на двајцата терористи осомничени за масакрот во неделникот „Шарли ебдо“, француската полиција го уби и лицето кое се смета дека е поврзано со веќе убиените терористи, а кој држеше во заложништво најмалку шест  лица во продавница во Париз, меѓу кои и деца. Четворица од заложниците се убиени. Акцијата за ослободување на заложниците е изведена само дваесетина минути по акцијата во Дамартен ан Гоел, во која се убиени  браќата Саид и Шериф Куаши, а нивниот заложник ослободен.

Заложниците во супермаркетот беа држени на нишан од 32 годишниот Амеди Кулибали и неговата девојка Хајат Бумедијен. Кулибали на полицајците им кажал јасно: „Ме знаете кој е сум – ослободете ги браќата или ќе ги убијам заложниците“.  Тој бил пријател со браќата Куаши и заедно со нив бил на обука во терористички кампови. Убиството на полицајката вчера во Париз е негово дело. Се’ уште нема официјални информации за состојбата на девојката на убиениот Кулибали, која била негов соучесник во заложничката драма.

Се смета дека акциите – таа во печатницата во Дамартен ан Гоел и оваа во супермаркетот уследиле бргу едноподруго, за да спречат терористите во супермаркетот да почнат да убиваат заложници кога ќе слушнат дека се ликвидирани браќата Куаши.

139103309254b00015d1511450568002_orig

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.