Ликвидирани 207 припадници на Боко Харам во Нигерија

Во близина на границата со Камерун во севроисточна Нигерија армиски сили на Чад вчера ликвидирале 207 припадници на радикалната група Боко Харам.

Армијата успеала да заплени и големо количество оружје и муниција на екстремистите.

Во акциите загинал еден војник на Чад и деветмина се ранети. Армиски сили на Чад од јануари учествуваат во операции против единици на Боко Харам во Камерун, Нигер и Нигерија.