Најинтересниот саботен натпревар од 30. коло во француската Прва лига, дуелот на “Велодром”, помеѓу екипите на Олимпик од Марсеј и Рен, заврши со минимален триумф на гостинот.
Погодокот вреден три бода, постигнат во 76 минута од натпреварот, беше дело на малдиот играч за врска Аабдулае Доукоуре.
Денеска ќе бидат одиграни последните три натпревари од 30. коло во француската Прва лига, а најголема неизвесност се очекува на дуелот помеѓу второпласираниот Монако и третопласираниот тим на табелата, Лил.
Резултати: Марсеј – Рен 0:1, Бастија – Римс 2:0, Бордо – Ница 1:1, Нант – Монпеље 2:1, Тулуз – Евијан 1:1, Валенсиен – Ајачио 2:3.
Денеска на програмата: Сент Етјен – Сошо, Генгамп – Лион, Монако – Лил.