Лил најблиску до Лигата на шампиони

Денеска со почеток во 21:00 часот ќе стартува последното првенствено коло во француската Прва лига.

Шампионската титула остана на “Паркот на Принцовите”, директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони обезбедија и фудбалерите на Монако, а најблиску до пласманот во последното квалификациско коло во ЛШ се фудбалерите на Лил кои имаат обврска да забележат триумф на незгодното гостување во Лориен.

Кикс на Лил, посакуваат фудбалерите на Сент Етјен кои најавија сигурен триумф во првенствената пресметка против новиот француски второлигаш, тимот на Ајачио.

Денеска на програмата: Бастија – Нант, Лориен – Лил, Марсеј – Генгамп, Ница – Лион, Монако – Бордо, Римс – Рен, ПСЖ – Монпеље, Сошо – Евијан, Сент Етјен – Ајачио, Тулуз – Валенсиен.