Лила во врска со брат му на Стојанче Стоилов?!

Лила во врска со брат му на Стојанче Стоилов?!

Изминатото лето медиумите „бомбардираа“ со шпекулациите дека популарната водителка Лила Стојановска е во врска со братот на ракометарот  Стојанче Стоилов, Стефан.

Сепак, ниту Лила, а ни Стефан не ги потврдија гласините дека се заедно иако како доказ послужија многуте летни фотографии на кои јасно се гледаше дека се на иста дестинација, само не во заеднички кадар.

Бидејќи очигледно вешто ја сокриваат својата врска од јавноста, се она што се пишуваше како информација за нив во медиумите, остана непотврдено.

Стефан Стоилов
Стефан Стоилов

Синоќа во еден скопски ресторан, роденденката Лила во друштво на десетина пријатели го прослави својот 44-ти, а меѓу нив се најде ни повеќе ни помалку туку Стефан Стоилов, пишува порталот „Вистина.мк“

Секако, оваа фотографија не се најде на социјалните мрежи кај водителката или Стефан, туку кај една нејзина пријателка која е фотографирана баш со него.

11990604_1072959409395524_5404746160276620808_n

Несомнено е дека меѓу нив навистина има нешто повеќе, штом токму тој се најде меѓу најблиските на роденденската прослава, пишува порталот.

Screenshot_1 - Copy

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.