Лима и Амбросио ќе му кажат збогум на „Викторија сикрет“

Најпопуларните ангели на „Викторија Сикрет“ го напуштаат брендот.

Адриана Лима и Алесандра Амбросио на ревија во декември која ќе се одржи во Лондон, ќе ги носат градниците „фантази бра“ од 2 милиони долари, а наводно тоа ќе биде нивно последно шоу. Се шушка дека двете убавици ќе се збогуваат со брендот.

Адриана се закитила со крилата во 2000 година, а Алесандра во 2004 година.

500victoria-secret-1

Дали ангелите навистина заминуваат или се тоа само шпекулации, останува да почекаме и да видиме до 9 декември, кога ќе се одржи најновото шоу на „Викторија Сикрет “.