Лина Ѓорческа остана без полуфинале во Бол

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 10.000 долари во Бол, Хрватска.

Во четвртфиналната пресметка, Ѓорческа, која беше втора носителка на турнирот, загуби од Зузана Лукнарова од Словачка со 0:2 (1:6, 0:6).

За нашата тенисерка сега останува уште настапот во игра на двојки, каде заедно со Тена Лукас од Хрватска, во полуфиналето ќе се соочат со словачко-белгиската комбинација Лукнарова/Зимерман.