Лина Ѓорческа на најновата ВТА листа е на 192. место!

лина

На следното рангирање Ѓорческа ќе загуби еден бод, а оваа недела настапува на фјучрс турнир во Гренобл.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за шест места и се наоѓа на 135.то место со 539 поени.

Магдалена Стоилковска во сингл е на 1239.место (напредок за 10 места), а во двојки е на 1167 место.

На врвот на ВТА листата има промена и Серена Вилијамс сега е прва со 7780 поени, пред Анжелик Кербер со 7115, потоа во ТОП 10 следуваат Каролина Плискова, Симона Халеп, Доминика Цибулкова, Агнешка Радванска, Гарбине Мугуруза, Светлана Кузнецова, Медисон Кејс и Џоана Конта.