Спорт

Линдзи Вон ги пропушта ЗОИ во Сочи

Линдзи Вон ги пропушта ЗОИ во Сочи

Зимските олимписки игри во Сочи (7 – 23 февруари) годинава ќе бидат значително осиромашени со отсуството на најдобрата американска скијачка Линдзи Вон, откако не успеа да се рехабилитира навреме од тешката повреда на коленото.

Вон, која е повеќекратна олимписка шампионка, најави дека ќе паузира извесно време за да се оспособи за настап во Сочи, но сите надежи паднаа во вода откако беше обелоденето дека ќе мора да замине на нова операција.

„Многу сум разочарана бидејќи нема да можам да се натпреварувам во Сочи. Направив се што можев за да бидам способна за настап на Игрите, но реалноста е дека јас не можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Затоа, по последните консултации со лекарите донесов одлука да одам на нова операција, по што очекувам да бидам максимално подготвена за Светското првенство во Вејл во февруари 2015 година“, изјави Вон.

Американката четири пари го освојуваше Големиот гристален глобус во Светскиот куп, а на Олимписките игри во Ванкувер го освои златото во спуст и бронзениот медал во Супер Џ.