Линхарт: И понатаму ќе ја поддржуваме Македонија на патот кон ЕУ

Генералниот секретар на австриско Министерство за надворешни работи Мајкл Линхарт денеска во Охрид говореше за важноста од интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Го поддржуваме брзиот почеток на преговори за членство. Секогаш  поддржуваме Европскиот совет да донесе заклучок за почеток на преговори, меѓутоа во случајот на Македонија важно е оваа криза да се реши што е можно побрзо. Мислам дека сите страни мора да се вклучат. Секако првенствената одговорност ја имаат сите страни инволвирани во сегашната состојба во земјата. Македонија треба да го изоди својот пат кон ЕУ, потребна ни е како силен играч на Балканот и во Европа и понатаму ќе ја поддржуваме Македонија на тој пат, рече Линхарт во Охрид.