четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Линијата „Ало докторе“ минатата недела била побарана 1.420 пати

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ во изминатите седум дена (од 19 септември до 25 септември)  имало 1.420 повици. 

133351085

Поврзани вести

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 115.120 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.

Повиците се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, зголемена телесна температура, стомачен вирус, алергиски реакции и симптомна болка.

На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок.

На сите оние кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчитани вести