Лино Червар збесна: Пешки ќе си одите до дома

Лино Червар збесна: Ќе си одите пешки до дома !

Гостувањето кај Баја Маре во Романија на крајот заврши со лесно продадена топка на Мраковчиќ во нападот кој можеше да донесе израмнување (21:20), а токму на овој сегмент од играта имаше забелешки Лино Червар уште за време на еден од првите тајм-аути.

Хрватскиот стручњак им замери на своите ракометари кои лесно ги продаваат топките, а посебно на тапет се најдоа младите Филип Кузмановски и Марко Бувиниќ на кого им се закани дека ќе ги прати пешки да си одат до Скопје…