Лион одби 17 милиони евра од Наполи за Гоналонс

Првиот човек на францускиот прволигаш Олимпик од Лион, Жан Мишел Ола, откри дека одбил 17 милиони евра сопственикот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој бил сериозно заинтересиран за услугите на 24-годишниот играч за врска, Максим Гоналонс.

„Пред неколку часа имав телефонски разговор со сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис. Многу го почитувам, станува збор за голем претседател. Сепак му кажав дека Гоналонс ќе остане во редовите на Лион. Раговарав и со нашиот тренер Реми Гарде, кој ме информираше дека Максим мора по секоја цена да остане на ’Стад Жерланд’. Убеден сум и тоа со 100 отсто сигурност дека Гоналонс до јуни ќе остане во редовите на Лион. Наполи понуди 17 милиони евра за нашиот фудбалер, но јас го убедив, му кажав дека неговата иднина е во Лион”, изјави Ола.