Лионел Меси е најголемата желба на Јирген Клоп

Контроверзниот предводник на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп, откри дека кога ги добил шанса и кога би ги имал потребните пари, веднаш би се обидел да ги осигура услугите на најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси.

„Без размислување, веднаш би го купил Лионел Меси. Исто така сум голем фан на Франк Рибери и на Кристијано Роналдо, но Меси е за класа подобар. Тоа што го прави на зелениот терен е нешто волшебно. Исто така има голем напредок во неговата игра во споредба со изминатата сезона. Сепак, јас сум реален, знам дека Меси никогаш нема да го облече дресот на Борсуија од Дортмунд. Истото важи и за Франк Рибери и за Кристијано Роналдо”, изјави Клоп.