Спорт

Лионел Меси ослободен од обвиненијата, неговиот татко Хорхе се соочува со затворска казна

Лионел Меси ослободен од обвиненијата, неговиот татко Хорхе се соочува со затворска казна
Лионел Меси ослободен од обвинувања, неговиот татко се соочува со парична и затворска казна

Обвинителот потенцирал дека кон Лионел нема да има обвинувања, бидејќи во периодот (2007-2009) кога се случиле затајувањата на данок во висина од 3,1 милиони фунти, задолжен за неговите финансии бил неговиот татко Хорхе.

Според обвинителниот акт, биле користени многу компании надвор од Шпанија за да се прикрие вистинскиот приход од маркетинг правата на фудбалерот. Откако започна целиот случај во јуни 2013 година, Лионел Меси ги плати парите кои и ги должи на Шпанија односно 3,1 милиони фунти.

Според некои процени, во досегашната кариера Меси има заработено околу 260 милиони фунти од договорите со Барселона и спонзорите.