вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 10

LIP LIFT – Преобразба на зоната на уснте

Lip Lift е за вас, не само доколку сакате да ги зголемите усните, туку и доколку имате брчки во пределот околу усните (брчки од смеење и пушење), опуштена кожа околу усните, назолабијални бразди, дури и мала, вовлечена брада.

cover

Поврзани вести

Третманот LIP LIFT е единствен пристап во корекција на усните кој опфаќа примена на различни техники и видови на хијалуронски филери во усните и долната третина на лицето,според потребите и желбите на пациентите.

Lip Lift е за вас, не само доколку сакате да ги зголемите усните, туку и доколку имате брчки во пределот околу усните (брчки од смеење и пушење), опуштена кожа околу усните, назолабијални бразди, дури и  мала, вовлечена брада. На совршена кожа и правилни контури на долниот дел од лицето, полни и едри усни изгледаат убаво. Погледнете ги четирите проблеми кои можат да се решат со lip-lift неоперативни постапки.

Горната усна ми е тенка и вовлечена во однос на долната

2

Положбата на горната усна во однос на долната го диктира коскениот однос на горната вилица (максила) према долната ( мандибула),положбата на горните предни заби и дебелината на мекото ткиво на усните. Со вбризгување на хијалуронски филер во горната усна овој проблем се решава многу едноставно. Адекватно изберен хијалуронски филер ќе овозможи да се реши несразмерот на големината и положбата на горната и долната усна, со што ќе се добие сензуалност на усните.

Решение: Со аплицирање на хијалурон со различни густини за дефинирање на работ на усните и волумен се постигнува подобра пропорција на горната усна во однос на долната.

Моите усни се криви „асиметрични“

4

Речиси и да нема идеално симетрично лице, па ни сосема симетрични усни. Сепак, кај некои усни асиметријата е впечатлива и може пресудно да ја дефинира физиономијата на лицето онака како што не сакате:

Да делува иронично, непријатно или да не изгледате онолку добро колку што би можеле.

Асиметријата најчесто се однесува на левата и десната половина на усните,но несразмерноста меѓу горната и долната усна исто така можат да го расипаат изгледот на лицето. Преголема долна во однос на горната усна е најчестиот проблем.

Решение: Со вешта примена на филер на двете страни на усните и околу нив може да се реши проблемот со асиметријата.

Моите усни не се мали, но се незабележливи

3

Понекогаш забележувате дека нешто ви пречи на вашето лице, а не сте сигурни што е тоа. Усните ви се убави, но не се изразени, дури и кога на нив ќе ставите јак кармин. Понекогаш виновник за ваквата ситуација е линијата на долно лице или дури и брадата. Вовлечена и мала брада може во потполност да ги фрли во друг план, не само усните, туку и на целото лице да му даде еден несиметричен изглед.

Решение: Брадата може да се зголеми со хијалуронски филери кои се специјално дизајнирани за контурирање на лицето. Подигање на профилот на горната усна се постигнува со посебна техника на вбризгување на хијалуронот.

Моите усни се убави, но имаат брчки околу нив

5

Усните се постојано во движење и околу нив, поради набирање на кожата, со текот на времето се создаваат различни брчки.

Назолабијалните тргнуваат од коренот на носот и се протегаат до усните, во вид на длабоки бразди, па и на женското лице му даваат груб и уморен изглед.

Брчките настанати од смеење се во вид на мали загради на двете страни на усните.

Пушачките се брчките над горната усна.

Решение: Хијалуронот може ефикасно и брзо да ве ослободи од различни брчки околу усните.Колку ќе биде успешен третманот најмногу зависи од техниката на вбризгување и од тоа која густина и вид на хијалурон ќе бидат применети во различните зони околу усните.

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

Најчитани вести