Липаи: Кличко се уште не се сретнал со боксер како мене

Австралискиот боксер Алекс Липаи е сигурен во победата над Украинецот Владимир Кличко на претстојниот меч закажан за 26 април во Оберхаузен (Германија).

“Кличко е џентлмен. Тој е многу висок и не се разликува од многу други боксери со кои се борев. Искусен е и знае како да ги искористи своите предности. Но, сигурен сум дека во последниве 10 години тој се уште не сретнал некој како мене. Сум боксувал со многу повисоки и им ги знам недостатоците, а секако и Украинецот има слаби страни. Уверен сум дека ќе го победам”, изјави Липаи.
Липаи (34) е висок 183 см наспроти 198 см колку што има помладиот од браќата Кличко. Во својата професионална кариера Липаи на 37 борби забележал 30 победи, три порази и три нерешени резултати.