Липи се плаши дека Серија А ќе биде уште подосадна

Пред неколку месеци тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне изјави дека шпанската Примера дивизион е многу досадна поради доминацијата на Барселона и Реал (М), а сега истото, но за италијанската Серија А, го изјави поранешниот селектор на “азурите”, Марчело Липи.
Трофејниот стручњак е убеден дека италијанската Серија А ќе биде многу досадна доколку неделниот дерби натпревар помеѓу директните ривали за шампионската титула, Јувентус и Рома заврши со триумф на “старата дама”.
“Рома игра фантастично во актуелната сезона, пријатно сум изненаден од нивниот стил на игра, но “волчицата” е свесна дека не смее да загуби во Торино. Ако Јувентус ги освои сите три бода во неделниот дерби натпревар, тогаш ќе бидеме сведоци на еден досаден шампионат, пролетниот дел од сезоната ќе биде многу досаден”, изјави Липи.